Биографија

…накратко „за мене“

Јас сум Дипломиран Информатичар, од Прилеп, Македонија.
Имам работено во различни области на ИТ. Иако отсекогаш ме привлекуваше програмирањето, животот ме носеше низ различни области на ИТ, па успеав да стекнам различни искуства кои ми помогнаа да бидам подобар во тоа што го работам. Па, можеби оваа листа на работни места на кои сум бил, најдобро ќе го објасни моето искуство.

  • 2000-2001 – Администратор на мрежа (ИСП ГТИ – Прилеп)
  • 2001-2010 – Сервисер на компјутери (ХА-ЕМ Прилеп) – Склопував компјутери, поправав десктоп и лаптоп компјутери, а подоцна бев одговорен и за подготовка на деловни понуди, тендерски документации и слично.
  • 2011 – Менаџер (ИЗИ ИТ – Прилеп)
  • 2012-2013 – Графички Дизајнер и ИТ поддршка (Печатница Гинис)

Некаде во 2007-ма започнав повремено да работам хонорарно (freelancer или „слободен уметник“ како што јас сакам да го нарекувам) во различни полиња на ИТ, како веб дизајн, ИТ консалтинг, Графички дизајн, како и приватни часови за ученици од ИТ предмети (најчесто програмирање).

Во 2012 дипломирав при универзитетот „Св. Климент Охридски“ во Битола, на отсекот Техничка Информатика.

Моментално постојано работам како хонорарен работник (freelancer), главно на проекти од Веб и Графички дизајн, консалтинг, поравки на компјутери и предавање на часови.

Услуги

…што работам
  • Дизајн и развој на веб сајтови – главно базирани на WordPress CMS, како и GetSimple CMS. Ова им овозможува на моите клиенти лесно да ги менаџираат своите веб сајтови. WordPress овозможува сајтот да се надгради за речиси секоја потреба која ќе ја има клиентот, лесно се заменува целосниот изглед на сајтот без потреба од комплицирани задачи, а е платформа која е практично поддржана од заедницата, со што овозможува клиентот да ме ангажира мене, некој друг, па дури и самиот да го менаџира и надградува сајтот според сопствените вештини.
  • Графички Дизајн кој е едноставен, чист, јасен и лесно остава впечаток. Ова покрива широк спектар на производи, од едноставни визит картички, преку летоци, брошури, до каталози, публикации и книги.
  • Консултации (Консалтинг) – Проблеми со компјутери или мрежа? Тука сум. Многу луѓе, фирми и НВО ме избраа да им бидам ИТ консултант. Ќе ви помогнам на направите правилен избор кога купувате ИТ опрема или ќе го одбереме најдоброто решение кога планирате локална мрежа.
  • Предавања од ИТ е нешто што ме исполнува. Сакам да го споделувам знаењето. Сум имал ученици од 7 до 77, и приказната е различна за секој од нив. Секогаш се обидувам најпрвин да го запознаам ученикот, за да можам подобро и соодветно да му ги објаснам работите, и да им покажам дека всушност Информатичката Технологија е многу едноставна, забавна и технологија која ја уживаме секојдневно без воопшто и да сме свесни за тоа ?

Многу луѓе, фирми и организации избираат Spirkoski.
Претпоставувам имаат причина ?


Соработници

Клиенти


Перница за лаптоп

Овозможува неверојатно удобно користење на лаптопот Растојанието од телото го оневозможува зрачењето (повеќекратно е докажано дека топлината која се развива под лаптопот можно е да ја попречува на плодноста, посебно кај мажите) Цврстата... READ MORE

Перница за лаптоп

Веќе некое време планирав блог за странава, а сега се појави одлична прилика за тоа. Вистинска причина за да го скршам мразот. Се работи за перница за лаптоп. Отпрвин идејата звучи некако чудно,... READ MORE